Од денес новото лого на ДВ ги краси сите наши содржини, без разлика дали се работи за радио, ТВ или интернет понуда.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
Новата понуда на ДВ
Комплетно редизајнираната интернет страница на ДВ www.dw.de веќе е онлајн. За нашите корисници тоа значи високо квалитетни новинарски производи во нов, модерен дизајн.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
Повеќејазичност
Од македонски до урду- ДВ ви нуди новинарски производи на 30 светски јазици.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
Повеќе простор за детални информации
Новиот изглед нуди повеќе место за фотографии, видеа и детални информации за темите на денот.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
Се’ на едно место
Новата интернет-страница ги интегрира на едно место сите медиуми, од видео, преку аудио до онлајн-текстови, фотогалерии и интерактивни функции.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
Со еден клик
Медија центарот - медијалната библиотека на ДВ- е веднаш достапна на интернет страницата www.dw.de. Отсега сите корисници имаат директен пристап до мултимедијалните содржини.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
ДВ Фокус
Со новиот формат ви презентираме и нови содржини. Во рубриката ДВ Фокус меѓудругото можете да проследите досиеја на различни теми, на пример: Дестинација Европа.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
Дестинација Европа
Овој проект нуди мултимедијална проекција на видео, аудио-новела и детални онлајн информации на тема миграцијата во Европа на младите африканци.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
Акустична визит-карта
За првпат во историјата на ДВ сега нудиме еден единствен музички „џингл“ за нашите аудио и видео содржини. Се работи за заедничка „визит-карта“ на ДВ Радио и ТВ.
Новиот изглед на ДВ низ фотографии
Интерактивност
Facebook, Twitter & Co.: Новиот лик на ДВ е присутен и во социјалните мрежи и нуди нови можности за дијалог и пристап до информации.