Како и зошто добиваат луѓето алергија?
16 мај 2006Нашиот одбранбен односно имунолошки систем разликува телесни материи од сосптвеното тело и материи од нечие друго тело. Туѓите материи, наречени антигени, тој може да ги класифицира во опасни и безопасни материи. Антигените, што допринесуваат за настанување на алергијата, се нарекуваат алергени. Нашето тело уште од раѓање е имуно на некои туѓи материи. Тоа дополнително развива имунитет против антигени, со кои телото во текот на животот ќе дојде во контакт, како на пример вируси и бактерии. За осознавање и совладување на непознатите материи главна улога играат белите крвни зрнца Б-лимфоцитите. Тие произведуват антитела, кои се главниот клуч кон излекувањето. За секоја материја која одбрамбениот систем ја класифицирал како опасна, б-лимфоцитите произведуваат специјални антитела. По првата реакција на еден вид антигени, одбрамбениот систем го запаметува контактот и про повторен контакт може да реагира многу побрзо.
При појава на алергија токму овие процеси не се одвиваат како што треба:
Имунолошкиот систем на безопасни антигени реагира как на опасни и се создаваат многу повеќе антитела отколку што е потребно. Антителата претерано го сензибилизираат телото кое што потоа и на најмали количини на алерген реагира со познатите алергиски симптоми: кивање, течење на нос, надразнување на слузокожата итн.